Најнова одлука на РКЕ: Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат, еве колку ќе чинат од полноќ

Макфакс

29/06/2026

17:09

1.040

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија за енергетика најави дека од полноќ ќе се изменат цените на нафтените деривати во Северна Македонија, при што дизелот ќе поевтини, а бензините ќе поскапат.

Од ноќеска на полноќ, цената на дизелот ќе се намали, а цената на бензините ќе се зголеми, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Од 30.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,495 (денари/килограм)


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,796 денари за килограм.