Генералот Алексус Грегори Гринкевич се сретна со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ја изрази својата поддршка за македонските вооружени сили, истакнувајќи го нивниот придонес во НАТО и нагласувајќи ја важноста на македонската успешна приказна пред претстојниот НАТО самит.
Претседателката и Врховна командантка на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска имаше средба со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа.
За неа, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересот и посветеноста на НАТО кон зачувувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и единството на регионот.
Елаборирајќи ја подготвеноста на македонските вооружени сили за справување со безбедносните предизвици, таа укажа на видливиот и ценет македонски придонес во рамките на НАТО одбранбениот систем.
Соговорниците ја истакнаа важноста на изградбата на Коридорот 8, не само за регионалната отпорност, туку и за колективната одбрана.
Генералот Алексус Грегори Гринкевич, како предводник на воените операции на НАТО, истакна дека SECEUR ја цени професионалноста и посветеноста на македонската Армија, потврдени преку учеството во бројните мировни мисии и сојузнички активности, оценувајќи дека македонската успешна приказна заслужува да биде претставена на претстојниот Самит на НАТО во Анкара.







