[ВИДЕО] Неетички потег на мундијалот: Испадна од Англија, па на пресот дозна дека починал неговиот татко

Дерби

02/07/2026

12:44

759

Големина на фонт

а а а

Себастиен Десабр може да биде горд во какво светло се прикажа неговиот национален тим на ова Светско првенство, бидејќи покрај тоа што ДР Конго ја мина групната фаза, покажа дека може да се надигруваа и со селекции како Португалија и Англија.

Африканците освоија бод против Роналдо и компанија, покажаа модерен фудбал кој навистина заслужува респект, а вчера малку фалеше да ја исфрлат и Англија.

ДР Конго заслужено ги освои симпатиите на фудаблските фанови, па иако тоа го апострофираше и Дебар на прес-конференцијата, неговото излагање заврши на најлош можен начин.

Причина за тоа е нечовечкиот и неетички потег на човекот кој важеше за модератор на прес-конференцијата, бидејќи таканаречениот портпарол го шокираше Себастиен со своето завршно обраќање.

Портпаролот јавно порача дека починал таткот на Себастиен, а судејќи по неговата реакција, Десабр го дозна тоа токму во тој момент.