Силен земјотрес во Грција; „Лежалките се тресеа додека бевме на нив“

Макфакс

02/07/2026

16:20

284

Големина на фонт

а а а

Денес во Грција беше регистриран земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала. Се случи на длабочина од 15 километри, а почувствуван е на повеќе места вклучувајќи го и островот Родос. Засега нема информации за штети или повредени.

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција денес.

Земјотресот се случи околу 11 часот по локално време, на длабочина од околу 15 километри.

Земјотресот е регистриран на околу 25 километри од островот Карпатос и на околу 189 километри од Хераклион на островот Крит.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени.

Лежалките се тресеа додека бевме на нив“, „Земјата се тресеше силно“, „Седев на работ од креветот кога одеднаш почувствував како некој нежно да го заниша креветот под мене. Погледнав низ вратата од балконот и видов дека се движам во однос на соседниот хотел. Ова траеше од пет до седум секунди“, се наведува во коментарите на веб-страницата на EMSC, додека се истакнува дека земјотресот е почувствуван и на Родос.