Во центарот на Дамаск се случи силна експлозија во кафуле, при што најмалку пет лица загинаа, а 16 се повредени. Засега никој не ја презеде одговорноста, а нападот е еден од ретките по соборувањето на Башар ел Асад.
Најмалку пет лица загинаа, а 16 се повредени во експлозија во преполно кафуле во центарот на Дамаск, соопштија сириските државни медиуми.
Според државната телевизија, во кафулето, кое се наоѓа во близина на Палатата на правдата, била поставена бомба. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Ова е еден од ретките напади во сириската престолнина по соборувањето на поранешниот претседател Башар ел Асад кон крајот на 2024 година. Во мај годинава, во експлозија на автомобил-бомба пред Министерството за одбрана во Дамаск загина еден сириски војник, а најмалку 18 лица беа повредени.







