На самитот на НАТО во Анкара е планирано да се ветат 140 милијарди евра воена помош за Украина во следните две години, со главен фокус на вооружување и обука на украинските војници. Оваа иницијатива доби поддршка од 32 земји-членки и вклучува заем од ЕУ, со најголемиот дел од средствата обезбедени од европските земји и Канада.
На самитот на НАТО во Анкара сојузниците ќе и ветат на Украина милијарди евра воена помош, изјавија денеска извори.
На состанок во Брисел амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа ваквата иницијатива, а планот е НАТО во следните две години да издвои по 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници, вкупно 140 милијарди евра.
Во него, меѓутоа, е вклучен и заемот на ЕУ за Украина од 60 милијарди евра за 2026 и 2027 година. Ова значи дека сојузниците ќе мора да покриваат 40 милијарди евра годишно од своите национални буџети.
Се очекува лидерите на НАТО официјално да го одобрат планот за пет дена во Анкара. Најголемиот дел од парите ќе бидат обезбедени од европските членки и Канада, откако САД ја намалија финансиската помош за Украина. Германија веќе претходно објави дека во 2026 година има намера да ѝ помогне на Украина со 11,5 милијарди евра.
Во последните месеци, НАТО му помага на Киев преку програмата наречена Список на приоритетни потреби за Украина, позната под кратенката PURL. Програмата функционира така што САД продаваат оружје и муниција на европските сојузници и Канада, кои потоа ги пренесуваат на Украина.







