Бразил имаше високи цели на Светското првенство, сонуваше за враќање на титулата по пауза од 24 години, но тој мундијалски сон сега е готов и за тоа се погрижи селекцијата на Норвешка.
Норвежаните се изборија за славје од 2-1 со двата гола кои во завршницата ги постигна Ерлинг Халанд. Оваа елиминација во осминафиналната рунда е болна и разочарувачка за „кариоките“ и за тоа е свесен капитенот Маркињос кој им се извини на сонардониците, но и воедно им порача да веруваат во тимот и да го поддржуваат.
- Сега мора да ја научиме лекцијата и да му се извиниме на бразилскиот народ. Мораме да ја научиме лекцијата и да му се извиниме на бразилскиот народ. Ги молам луѓето да ги поддржуваат; има четири години пред нив да работат и да постигнат големи работи на следното СП.
- Навистина е тешко да се зборува, бидејќи со искуството што го имаме, овие натпревари се многу тешки, а секоја топка може да биде одлучувачка. Тие успеаја да бидат клинички, додека ние пропуштивме многу од шансите што ги имавме. Имавме пенал, како и други шанси. На Светското првенство, тимот што прави помалку грешки обично завршува победувајќи, - истакна членот на ПСЖ.







