Денеска во општина Гази Баба ќе има прекин во водоснабдувањето поради изведување на водоводен приклучок на улицата Гемиџиска, што ќе влијае на корисниците од населбите Гемиџиска и Филип Филиповиќ.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на улицата Гемиџиска крак 1 и крак 2, без вода ќе останат корисниците од улиците Гемиџиска и Филип Филиповиќ, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата.







