Делови од Сопиште, Бутел, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров денеска без струја

Макфакс

08/07/2026

07:00

252

Големина на фонт

а а а

Денеска повеќе делови од општините Сопиште, Бутел, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија поради планирани исклучувања на електричната мрежа во определени временски интервали.

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата 8 во село Горно Соње место викано Коштан, општина Сопиште;

– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од бул. Македонско Косовска Бригада лоцирани кај сервис Бутел, општина Бутел;

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улицата 4 во Сопиште место викано Ветрила, општина Сопиште;

– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 21., општина Аеродром, како и дел од корисниците од улиците Хашка, Будимпештанска и Душко Бојковски, општина Карпош;

– во периодот од 09.30 до 14.30 часот, корисниците од улиците Александар Македонски, Борис Сарафов и Смилевска, објектот на месната заедница и бензинската пумпа, како и дел од корисниците од ул. Црногорска, општина Ѓорче Петров;

– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата 95 и околните улички во село Волково, општина Ѓорче Петров.