Променливо облачно со сончеви периоди: попладне локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Макфакс

08/07/2026

07:00

225

Големина на фонт

а а а

Денешното време ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на нестабилност попладне со пороен дожд и грмежи. Во наредниот период се очекува претежно стабилно време со умерен северен ветер и повторна нестабилност во четврток и недела.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Времето во наредниот период

Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.