[ФОТО] Од нежни бакнежи до нереални зајдисонца: По сите бури, Даниел Кајмакоски ужива во семејната летна идила

Точка

08/07/2026

12:00

1.449

Големина на фонт

а а а

По турбулентниот период исполнет со јавни реакции и непријатни случувања, пејачот Даниел Кајмакоски повторно ги живее најубавите семејни моменти. Заедно со сопругата Марина и нивните две деца, тој деновиве ужива на летен одмор, далеку од секојдневните обврски и јавниот метеж.

Дека семејството навистина поминува незаборавни мигови сведочат фотографиите што Марина ги објави на социјалните мрежи. На нив може да се видат насмеани и опуштени, додека разменуваат нежни бакнежи, уживаат во сладолед, шетаат покрај морето и позираат во романтичната атмосфера на зајдисонцето. Секоја фотографија зрачи со топлина и семејна хармонија, а многумина во коментарите им посакаа уште многу вакви заеднички моменти.


Марина и Даниел со години важат за еден од најскладните парови на јавната сцена. И покрај предизвиците со кои се соочија во изминатиот период, тие не дозволија ништо да ја наруши нивната љубов и стабилност, туку продолжија да градат мирен семеен живот далеку од очите на јавноста.

Семејството денес живее во Белград, каде што го гради својот заеднички живот, а ова летување, како што може да се забележи од фотографиите, им дојде како вистинско полнење на батериите и можност целосно да се посветат еден на друг.


Инаку, сопругата на Даниел, Марина Кајмакоска, родена Антиќ, потекнува од Ранилуг, мало место во Косово. По професија е доктор – специјалист по анестезиологија, реаниматологија и интензивна нега, а и покрај професионалните обврски, секогаш наоѓа време за семејството, кое, судејќи според нивните објави, е нејзиниот најголем приоритет.


Сопругата на Даниел, Марина, во една прилика изјави:

✨ „Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 година, кога се натпреваруваше во шоуто „X Фактор“. Бев воодушевена од целата негова појава. Го следев и навивав за него цело време и мислев колку би било убаво некогаш да го запознаам“.