Комунална хигиена-Скопје: Во текот на изминатите шест месеци се подигнати и транспортирани 82 296 тони комунален отпад

Макфакс

08/07/2026

10:10

158

Големина на фонт

а а а

Во првите шест месеци од 2026 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје собрал и транспортирал значителни количини на комунален отпад, додека истовремено спроведувал активности за одржување на јавната хигиена и едукација на граѓаните за правилно постапување со отпадот.

Во периодот јануари-јули 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 82 296 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и стопанските субјекти на територијата на градот Скопје.

Отстранети се и 14 535 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 2385 кубни метри, е подигнато во општината Центар, велат од Комунална хигиена-Скопје.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се реализира во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија.

Во текот на изминатите шест месеци, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 274 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:

1. Општина Чаир – 148 записници

2. Општина Карпош – 21 записници

3. Општина Аеродром – 30 записници

4. Општина Центар – 18 записници

4. Општина Ѓорче Петров – 16 записници

5. Општина Гази Баба – 35 записници

6. Oпштина Кисела Вода – 5 записника

7. Oпштина Бутел – 1 записник

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше и низа еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку овие активности, вкупно 747 најмлади жители на нашиот град се едуцираа како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад и колкаво е значењето на неговата примарна селекција“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.