Во Кисела Вода е пронајдена почината 78-годишна жена, а во близина на Катлановска Бања пронајден е машки труп. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и причините за смртта.
Вчера во 14:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината Л.К.(78) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
По насоки од јавен обвинител, телото на починатата било предадено во судска медицина за обдукција.
Истиот ден во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај Катлановска Бања, во реката Пчиња бил пронајден машки труп.
По насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и расчистување на случајот, соопшти полицијата.







