Од возило во движење фрлена бомба врз ресторан во тетовско, повредени две лица

Макфакс

09/07/2026

14:50

175

Големина на фонт

а а а

Во тетовското село Добарце од возило во движење е фрлена рачна бомба кон ресторан, при што се повредени две лица. Увидни екипи работат на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Две лица се повредени во експлозија што настанала од фрлена рачна бомба во ресторан во тетовското село Добарце.

Вчера во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од село Добарце, тетовско пријавил дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото.

Од експлозијата е предизвикана материјална штета, а со повреди се здобиле Е.А.(57) од с.Чифлик, тетовско и Г.Ф.(60) од с.Добарце, кои биле во кругот на ресторанот.

Повредените веднаш биле префрлени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово, при што биле пронајдени чаури од пиштол. За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Тетово. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.