Левица за Изборниот законик: Ова е бегање од одговорност на ДПМНЕ, во понеделник ќе ги поканиме опозициските партии на средба

Макфакс

09/07/2026

18:20

187

Големина на фонт

а а а

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека ќе поканат опозициски партии на средба во понеделник за да се излезе со заеднички предлог за Изборниот законик. Тој го оцени односот на ДПМНЕ како бегање од одговорност и најави продолжување на дијалогот.

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека Левица во понеделник официјално ќе ги покани опозициските партии на средба за Изборниот законик, со цел да се излезе со заеднички предлог за една изборна единица:

„Прво и основно, ова е бегање од одговорноста на ДПМНЕ. Нема потреба да се состанува само опозицијата, треба сите. Но, во ред, ако веќе ни ја префрлаат топката, ние го прифаќаме предизвикот – ќе свикаме средба на опозициските партии. Планираме од понеделник официјално и да ги поканиме опозициските партии”, истакна пратеникот Крмов.