[ВИДЕО] МВР: Во Драч уапсени две лица припадници на организираната криминална група „Беланоца“

Макфакс

10/07/2026

16:11

625

Големина на фонт

а а а

Две лица припадници на организираната криминална група „Беланоца“ беа уапсени во Драч, Албанија во рамките на меѓународна полициска операција спроведена од македонските и албанските безбедносни служби во соработка со американската дипломатска безбедносна служба.

Според информација од македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која од слобода се лишени М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”.

При лишувањето од слобода, кај лицата биле пронајдени фалсификувани лични документи, за кои според полицијата, постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата.

Акцијата, соопшти МВР е резултат на повеќемесечна соработка на Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Р. Албанија.