Владата на Србија од утре ја намалува акцизата за горивата за 10 отсто

Макфакс

12/07/2026

14:13

184

Големина на фонт

а а а

Владата на Србија донесе одлука за дополнително намалување на акцизата за нафтените деривати за пет отсто, што заедно со претходните мерки резултира со вкупно намалување од 10 отсто. Оваа мерка ќе важи од утре до 19 јули и е одговор на растот на цените на суровата нафта на светскиот пазар.

Владата на Србија донесе одлука за дополнително намалување на акцизата за нафтените деривати за пет отсто, со што вкупното намалување ќе изнесува 10 отсто.

Мерката ќе стапи во сила од утре и ќе важи до 19 јули, а е донесена поради зголемувањето на производствените цени на нафтените деривати, предизвикано од растот на цената на суровата нафта на светскиот пазар.

Со привременото намалување, акцизата за оловен бензин ќе изнесува 68,90 динари по литар, за безоловен бензин 64,80 динари по литар, додека за гасни масла, односно дизел гориво, ќе изнесува 66,64 динари по литар.