„Нова енергија“ или прегрупирање пред колапс, велат од СДСМ за владината реконструкција

Макфакс

13/07/2026

15:10

216

Големина на фонт

а а а

Статијата ја истражува критиката од СДСМ кон владината реконструкција, која ја нарекуваат само козметички потег пред неизбежен колапс, посочувајќи на неисполнување на клучни ветувања и потребата за вистинска одговорност.

Мицкоски вели дека реконструкцијата на Владата носи „нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност“. Ова е флоскула која се користи кога нешто не функционира и треба да се прикрие вистината, велат од СДСМ.

Вистината, според нив, е дека оваа Влада веќе две години не успеа да испорача ниту едно од клучните ветувања.

Европскиот пат е блокиран, реформите се запрени, економијата е во криза, а буџетот е празен.

Сега, кога резултатите недостасуваат, а притисокот расте, Мицкоски прави козметички потези и ги нарекува „нова енергија“.

Реконструкцијата не е знак на сила, туку признавање на слабост. Кога Владата функционира, не се прави вакво прегрупирање“.

Ова, како што оценуваат во оваа партија, е типичен потег на власт која се обидува да купи време и да создаде привид на активност, додека во реалноста се подготвува за предвремени избори.

„Поголема одговорност“ од страна на луѓе кои веќе две години ја држат државата во изолација, а притоа си обезбедуваат бугарски пасоши и европски удобности за себе и за своите семејства, звучи крајно цинично.

Народот не сака „нова енергија“ во изјавите. Сака резултати. Сака европски пат, сака одговорност за криминалот и корупцијата, а тоа не се добива со козметички реконструкции и празни зборови.

Вистинската нова енергија ќе дојде кога оваа Влада ќе си замине и кога криминалната група ќе сноси одговорност за своите дела“.