Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: Му барал пари а не ги добил

Макфакс

15/07/2026

17:10

188

Големина на фонт

а а а

Во Кочани поднесена е кривична пријава против младиот Ш.А. кој физички нападнал и се заканувал на својот 74-годишен дедо, бидејќи му побарал пари но не ги добил.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Инцидент во семејниот дом

Имено, на 21.06.2026 пријавениот во семејниот дом во Кочани физички го нападнал неговиот 74-годишен дедо, откако претходно му побарал пари, но не ги добил, а потоа му упатувал ѝ закани.