Селекцијата на Аргентина издвојува победа над Англија од 2-1 во вториот полуфинален меч на Светското првенство.
„Гаучосите“ покажаа зошто се актуелни шампиони и со пресврт ги матираат старите ривали, односно се на еден чекор од одбрана на пехарот со тоа што во финалето ги очекува најголемиот предизвик, борба со Шпанија.
По мирното прво полувреме во кое видовме пред се само борба на теренот, ситуацијата се промени во 55 минута кога Гордон ја искористи заспаноста на Молина и на асистенција на Роџерс донесе предност за „гордиот албион“. Меѓутоа тоа беше последното што го видовме од Англичаните кои тргнаа веднаш да се бранат, а упортните Аргентинци знаеја тоа да го искористат.
Се редеа шанси пред Пикфорд кој капитулираше во 85 минута по мајсторијата на Фернандез на асистенција на Меси. Во судиското продолжение Меси одново ја имаше улогата на асистент, а овојпат стрелаше Мартинез за пресврт и огромно славје на јужноамерикацните.
Финалето е закажано за в недела од 21 часот.






