Гери Невил беше убеден во победа на Англија против Аргентина и прогнозираше дека тимот на Томас Тухел ќе постигне најмалку два гола во мрежата на „гаучосите“, не поради голманот Дибу Мартинез, туку поради стоперскиот двоец кој тој го нарече „најдобар меѓу најлошите“.
Невил ги потцени Лисандро Мартинез и Кристијан Ромеро и ги посочи како играчи кои даваат многу олеснувања за противничките напаѓачи во фаза на одбрана, а фактот што ги нарече „најдобри меѓу најлошите дефанзивци во светот“, на крајот направи да биде доста популарен и по големата победа на Аргентинците.
Светскиот шампион прими еден гол од Англија во раната фаза на првото полувреме, но потоа направи сè што е во негова моќ за да го сврти натпреварот и на крајот заслужено стигна до такво нешто.
Двата гола на Енцо и Лаутаро беа доволни за пресврт и второ мундијалско финале во низа, по што Кути Ромеро не пропушти да го „пецне“ легендарниот дефанзивец кој сега е познат како стручен експерт во англискиот етер.
– Се надевам дека нема да бидам толку глупав кога ќе се пензионирам! Се надевам дека нема да критикувам ниту еден играч, ниту еден колега кој игра фудбал.
– Навикнати сме луѓето да зборуваат за нас, очигледно им се допаѓа да зборувааат за нас и да не потценуваат. Ние одговараме таму кадешто треба, а тоа е на теренот. Секогаш одговараме на теренот и тоа го правиме со респект. Во Англија сакаат да зборуваат пред натпреварите, па затоа сега им испраќаме голем поздрав, – изјави Ромеро.
"OJALÁ QUE CUANDO YO ME RETIRE NO SEAN TAN ESTÚPIDO"
— DSPORTS (@DSports) July 15, 2026
Cuti Romero, sobre los dichos de Gary Neville e la previa.@m_benedetto#MundialEnDSPORTS #FIFAWorldCup pic.twitter.com/x4KcFdwHQK







