СДСМ: ВМРО-ОКГ повторно со дефокус – наместо за криминал и економски колапс, прават конструкции за ЈП ПОЦ

Макфакс

16/07/2026

15:10

234

Големина на фонт

а а а

Во реакцијата на СДСМ, ВМРО-ОКГ е обвинета за обид да создаде вештачка афера која ќе го одвлече вниманието од економскиот колапс и криминалот, додека истовремено одбрануваат законскиот отпис на долгови во ЈП ПОЦ.

ВМРО-ОКГ и нивните портпароли повторно се обидуваат да создадат вештачка афера за да го одвлечат вниманието од вистинските проблеми, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да зборуваат за економскиот колапс, за блокираниот европски пат и за ослободувањето на криминалци како Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, тие сега се фокусираат на законски отпис на стари долгови во ЈП ПОЦ. Обвинувањата се неосновани и тенденциозни. Отписот е извршен согласно законска постапка, претежно за стари и мали побарувања од граѓани, создадени во долг период, вклучително и за време на ковид-кризата. Во најголем дел се работи за износи од една до две неплатени рати, каде што трошоците за судски постапки би биле поголеми од самиот долг. Вистината е дека ВМРО-ОКГ нема одговори за сопствените неуспеси. Затоа и продолжуваат со дефокус. Наместо да објаснат зошто ја вратија Бела палата – симбол на криминалот и имот стекнат со криминал, назад во рацете на организираната криминална група ВМРО, тие се обидуваат да создадат непостоечки афери“, велат од СДСМ.

Додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, ниски плати и блокирана иднина, додаваат од партијата, ВМРО се занимава со политички конструкции.

Според СДСМ, ова е обид да се прикрие фактот дека токму тие ја штитат криминалната структура и продолжуваат да ја држат Македонија во изолација.