Претседателот на Собранието, Гаши се сретна со в.д. амбасадорката на САД: Потврдени одличните односи меѓу двете земји

Макфакс

16/07/2026

16:40

178

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја оствари работната средба со в.д. амбасадорката на САД Никол Варнес, каде беа потврдени одличните односи и стабилното партнерство меѓу двете земји кое се темели на демократски вредности и институционална соработка.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со в.д. амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.

На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји, како и стабилното партнерство кое се темели на споделените демократски вредности и тесната институционална соработка.

Соговорниците разговараа за парламентарната агенда и актуелните институционални случувања. Нагласена беше важноста од ефикасното функционирање на демократските институции, зајакнувањето на улогата на Собранието и унапредувањето на реформите во интерес на граѓаните.

На крај, беше потврдена заедничката посветеност за понатамошно продлабочување на партнерството и стратешкиот дијалог.