Температурите денеска до 39 степени, попладне дожд и грмежи

Макфакс

17/07/2026

07:45

1.931

Големина на фонт

а а а

Денес времето ќе биде сончево и топло со температури што достигнуваат до 39 степени, а попладне се очекува локален дожд и грмежи. Во Скопје исто така ќе има нестабилност со дожд во доцните часови, а во следните денови времето ќе остане топло со можна нестабилност во вторник.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Времето во наредните денови

До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде денеска и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.