Предложен притвор за британски државјанин, фрлал камења кон инспектори во Куклица

Макфакс

17/07/2026

14:10

450

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство Куманово предложи притвор за 41-годишен британски државјанин кој фрлал камења кон даночни контролори и го спречил извршувањето на службено дејствие на локалитетот Камени Кукли во Куклица.

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за спречување службено лице во вршење службено дејствие.

На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.

Тој фрлал со камења кон контролорите и нивното службено возило, поради што тие го напуштиле локалитетот и биле спречени да го извршат службеното дејствие.

Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Од МВР информираа дека вчера во 12:29 часот полициски службеници од ОВР Кратово го уапсиле А.М.Б. (41) од Велика Британија.

„Тој во комплексот Куклица, кратовско, спречувал инспектори од Управата за јавни приходи, кои извршувале службени дејствија. А.М.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.