Уапсен скопјанец, одземени две комбиња со криумчарена стока на македонско-косовската граница

Макфакс

17/07/2026

15:40

307

Големина на фонт

а а а

На македонско-косовската граница е уапсен скопјанец поради криумчарење стока, а одземени се две комбиња. Возачот на едното возило избегал, додека другиот е лишен од слобода, со координирани полицијски акции на двете страни.

Денеска околу 08:00 часот, полициските службеници, на граничната линија помеѓу селата Танушевци и Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки.

„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за запирање на возилата и легитимирање на лицата, по што од слобода е лишен А.А. (43) од Скопје, кој го управувал возилото „пежо“, додека возачот со возилото „фолксваген“ се дал во бегство на косовска територија. Воспоставена е координација со припадници на косовската полиција- Task Force, кои презеле мерки за негово запирање, при што возилото излетало од патот“, соопшти МВР.

Двете возила се одземени за понатамошна постапка, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.