Во прилепско, 54-годишен маж загина кога се превртел со тракторот што го управувал, а настанот бил пријавен вечерта кога телото било пронајдено и констатирана смрт од страна на Итната медицинска помош.
Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, претходно управуван од М.Т. (54) од с. Канатларци.
Од здобиените повреди, М.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.







