Тинејџер и 15-годишна сопатничка тешко повредени во судир на мопед и автомобил кај Охрид

Макфакс

19/07/2026

17:40

342

Големина на фонт

а а а

Во сообраќајна несреќа што се случила во охридското село Долно Лакочереј, тинејџер возач на мопед и неговата 15-годишна сопатничка се тешко повредени. Возачот на автомобилот во несреќата имал високо ниво на алкохол во крвта. Увид на местото извршила полицијата.

Двајца малолетници се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, а кај возачот на автомобилот биле утврдени 1,20 промили алкохол во крвта.

Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена на 18 јули во 14:45 часот и се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.П. (38) од Долно Лакочереј, и мопед „априлиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Охрид.

Во несреќата тешки телесни повреди се здобиле 16-годишниот возач на мопедот и неговата 15-годишна сопатничка од селото Долно Лакочереј. Повредите им биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Охрид.