Њукасл договори засилување од Франција вредно 40 милиони евра

Дерби

23/07/2026

14:10

215

Големина на фонт

а а а

Њукасл е една од топ екипите во Премиер лигата кој ќе доживеаа сериозна реконструкција на играчкиот кадар, веќе си заминаа играчи како Ентони Гордон, Сандро Тонали и Киран Трипие, а неизвесна е и судбината на Бруно Гимараеш.

Од друга страна Њукасл носи талентирани играчи, играчи со потенцијал, а најнова аквизиција според последните информации треба да биде Алаџи Бамба.

Се работи за млад француски репрезентативец од Монако, играч од средината на теренот за кого премиерлигашот ќе издвои 40 милиони евра. Бамба има 20 години, во минатата кампања одигра 18 натпревари во Лига 1 и забележа 2 асистенции, плус настапи и во Лигата на шампионите.