Млади штркови паднале од гнездата во невреме, ги згрижија вработени во Општина Чешиново-Облешево

Макфакс

26/07/2026

21:05

320

Големина на фонт

а а а

Силното невреме предизвика млади штркови да паднат од гнездата во регионот Штипско и Кочанско, но вработените во Општина Чешиново-Облешево пристапија да им помогнат и да ги згрижат птиците до нивно целосно закрепнување.

Силното невреме во Штипско и Кочанско изминатава недела остави голема штета зад себе, но донесе и една убава приказна за грижа и хуманост.

Неколку млади штркови, кои невремето ги соборило од гнездата, наидоа на помош од вработени во Општина Чешиново-Облешево. Тие ги згрижија птиците и секојдневно им обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, додека целосно не закрепнат.

Од Општината информираат дека два од штрковите веќе се подготвени повторно да полетаат, додека за остатокот ќе продолжи грижата сѐ додека не бидат способни да се вратат во природата и да му се приклучат на јатото.