Питата со сливи е еден од оние традиционални домашни колачи што се подготвуваат од неколку основни состојки, а нејзината подготовка не бара многу време ниту труд.
Кај многумина овој десерт буди спомени на семејните собири и мирисите од кујната на баба, додека секој залак потсетува дека и од сосема едноставни намирници може да се направи исклучително вкусен колач.
Потребни состојки:
• Малку растопен путер за премачкување на садот за печење
• 1 кг. свежи сливи
• 3 лажици меко брашно
• 4 лажици шеќер
• 4 лажици потпечени мелени лешници
• Сладолед по желба

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 °C. Садот за печење премачкајте го со растопен путер. Сливите добро измијте ги, преполовете ги и отстранете им ги семките.
Во поголем сад измешајте ги брашното и шеќерот. Додајте ги подготвените сливи и нежно промешајте за секое парче рамномерно да биде обложено со смесата. Распоредете ги сливите во подготвениот сад за печење. Одозгора рамномерно посипете ги со потпечените мелени лешници.
Печете од 20 до 25 минути, односно додека сливите не омекнат, не го испуштат својот сок, а лешниците не добијат убава златно-кафеава боја.
По печењето оставете го десертот неколку минути да се излади. Послужете го додека е сè уште топол, а по желба додајте топка сладолед од ванила, која благо ќе се растопи и дополнително ќе го збогати вкусот.





