Погоден брод во Ормускиот теснец

Макфакс

04/08/2026

09:36

191

Големина на фонт

а а а

Товарен брод е погоден од неидентификуван проектил во Ормускиот теснец покрај брегот на Оман, во услови на растечка напнатост помеѓу Иран и САД поради спорови околу безбедната навигација низ стратегискиот воден пат.

Товарен брод е погоден од „неидентификуван проектил“ во Ормускиот теснец покрај брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO).

Инцидент покрај брегот на Оман

Инцидентот се случил околу 37 километри североисточно од оманскиот град Хасаб, објави UKMTO, без да даде детали за штетите или повредите на екипажот, истакнувајќи дека истрагата е во тек.

Иранската влада побара бродовите да пловат низ Ормускиот теснец по должината на иранскиот брег, постојано нагласувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна.

Спорот околу навигацијата низ стратешкиот воден пат, клучен за испорака на нафта, гас и ѓубрива на светските пазари, стана главна точка на сопнување во конфликтот меѓу Иран и САД.