Нов сомнителен случај на западнонилска треска, испитувањата траат

Макфакс

04/08/2026

13:30

179

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира за нов сомнителен случај на западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести и за тековните испитувања. Состојбата внимателно се следи, а бројот на прегледи во Гостивар е намален.

На Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај на западнонилска треска. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето, информира Министерството за здравство.

Од таму велат дека, во координација со надлежните здравствени установи, продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и велат дека навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови релевантни податоци.

Во врска со епидемиолошката состојба во Гостивар, од Министерството информираат дека е намален бројот на извршени прегледи.

„Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.