[ФОТО] Ѓорѓиевски: 456 онколошки пациенти во текот на наредните два дена ќе добијат парична помош

Макфакс

04/08/2026

17:11

656

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека во наредните два дена 456 онколошки пациенти ќе добијат финансиска поддршка како помош во нивната борба со болеста, додека вкупно 1200 пациенти ќе добијат помош во текот на следната недела.

Во следните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош ќе ги добијат средствата на своите сметки“, објави градоначалникот.

Тој информира дека 1.200 пациенти побарале помош и дека нивната документација се обработува со максимална посветеност и одговорност, а исплатата за сите кои аплицирале ќе биде завршена во текот на наредната недела.

„Ова е, почитувани мои, јасна порака дека никој не е сам.  Дека зад секоја борба постои некој што верува, сочувствува и помага. Дека и во најтешките денови постои рака што ќе ве поддржи, збор што ќе ве охрабри и надеж што никогаш не згаснува. Болеста може да го отежне патот, но не смее да ја одземе надежта“, вели Ѓорѓиевски.