Утре сончево и до 40 степени, од четврток можен пороен дожд и грмежи

Макфакс

04/08/2026

17:30

156

Големина на фонт

а а а

Прогнозата за време укажува на сончеви и многу топли денови со температури до 40 степени, а од четврток се очекува појава на локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.