Италија прогласи највисок степен на предупредување поради сериозен топлотен бран што ја погодува целата земја, со опасност за здравјето на населението. Ограничувања и препораки се на сила за да се заштитат граѓаните од екстремните температури кои достигнуваат и до 40 степени.
Италија од четврток ќе прогласи највисок степен на предупредување поради екстремни горештини во сите 27 поголеми градови, соопшти Министерството за здравство.
Црвениот аларм означува дека високите температури претставуваат сериозен ризик за здравјето на целото население, а не само за ранливите категории.
Локалните власти им препорачуваат на граѓаните да избегнуваат престој на сонце и изложување на високи температури од 11 до 18 часот, да остануваат во затворени простории кога е можно и да внесуваат доволно течности.
Во делови од Италија температурите веќе достигнуваат до 40 Целзиусови степени, а според метеоролозите, значително разладување не се очекува пред викендот. Причина за топлотниот бран е засилен северноафрикански антициклон што се проширил над поголем дел од Европа.






