Продолжува топлотниот бран со температури околу 40 степени

Нетпрес

05/08/2026

07:29

532

Големина на фонт

а а а

И во среда на територијата на Македонија ќе продолжи да преовладува сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје денска, исто така, ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец.


Утринските температури се движат од 12 до 19, додека максималните дневни се прогнозирани во опсегот од 31 до 39 Целзиусови степени.


Наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40 степени. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.