Уапсен скопјанец, пронајдена и одземена дрога

Макфакс

05/08/2026

11:40

100

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Скопје уапси лице поради поседување и трговија со марихуана. При прегледот пронајдени се големо количество на наркотик и дигитална вага, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Ноќеска, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Д.П. ќе биде поднесена Кривична пријава по член 215 ст.1 од Кривичниот законик, извести МВР.