Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени се пари

Макфакс

05/08/2026

13:40

168

Големина на фонт

а а а

Во текот на викендот била ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај при што биле украдени пари. Случајот е пријавен во полиција и се преземаат мерки за расчистување.

Во текот на изминатиот викенд била ограбена канцеларијата на директорот на Јавното комунално претпријатие „Сарај“.

Според информациите на МВР, вчера И.Х.(41) – директор на ЈКП Сарај, пријавил во полиција дека во периодот од 16:30 часот на 31 јули до 06:40 часот на 04 август, во неговата канцеларија која е сместена во објектот на општината, со употреба на сила била отворена влезната врата од канцеларијата и фиока од негово работно биро, при што се украдени пари од прометот на ЈКП Сарај.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.