Утре сончево и многу топло, до 39 степени – попладне можен дожд во планинските предели

Макфакс

05/08/2026

17:40

152

Големина на фонт

а а а

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со максимални температури до 39 степени, а попладне се очекува локален дожд во планинските предели. Слични услови ќе продолжат и во наредните денови со можност за поројни дождови.

Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во нареднитде денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која на места ќе достигне до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.