[ВИДЕО] СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите, затоа што се плашат од вистината - бараме итна истрага

Макфакс

06/08/2026

11:10

379

Големина на фонт

а а а

СДСМ го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за напад на млади активисти во Ново Село и бара итна реакција и истрага од институциите за потврдување и казнување на сторителите.

СДСМ денеска побара од Обвинителството и Министерството за внатрешни работи итно да ги идентификуваат и приведат лицата кои, според партијата, ги нападнале младите активисти во Ново Село.

На прес-конференција, Кети Штерјова тврдеше дека младите биле нападнати затоа што носеле транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена.

Од СДСМ обвинија дека зад нападот стои ВМРО-ДПМНЕ и го посочија премиерот Христијан Мицкоски како нарачател.

Партијата побара полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат и да ги пронајдат напаѓачите, наведувајќи дека веќе е познато оти во нападот учествувал и возач на градоначалник.

СДСМ го повика и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да го насочи својот ангажман кон расветлување на случајот и порача дека институциите треба да постапуваат без селективност и без заштита на сторителите.

Од партијата оценија дека насилството не смее да остане неказнето и побараа брза реакција од надлежните институции.