Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Макфакс

06/08/2026

11:20

172

Големина на фонт

а а а

Министерството за социјална политика ја започна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за јули 2026 година. Корисниците можат да подигнат средства преку банкомати, картички или директно од банките.

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 6 август 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2026 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.