Полицијата уапси едно лице по несреќата во Скопје во која загина 19-годишен мотоциклист

A1ON.MK

08/08/2026

14:07

638

Големина на фонт

а а а

По преземени мерки и активности, полицијата извести дека е уапсено едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско, соопшти денеска МВР.

– На 7.8.2026 во 12.12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ управувано од С.Б.(47) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Додека, со телесни повреди се здобил возачот С.Б., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“, се посочува во соопштението.


За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените. По дополнително преземени мерки, околу 19.40 часот во Арачиново пронајдено е возилото и возачот С.О.(46) од селото. Тој е уапсен, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.