Стојчевски: Во Штип се распродава земјата за бизнис интересите на ВМРО – бараме итно поништување на огласите

Макфакс

09/08/2026

12:44

246

Големина на фонт

а а а

Трајче Стојчевски обвинува дека општина Штип, предводена од ВМРО, распродава државно земјиште за бизнис интереси на партијата, барајќи итно поништување на огласите поради сомнителни услови и постапки.

Општина Штип водена од градоначалникот на ВМРО – Иван Јорданов, започна со распродажба на земјата во сопственост на државата, обвини Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

„Повторно на мета се познатите штипски ‘Печурки’. Таму постојат правни субјекти од кои граѓаните со години егзистираат. Затоа прашуваме: Дали имате согласнот за изградба на шеснаесеткатница, од граѓаните кои работат таму и ги прехрануваат своите семејства? Дали како градоначалник ги прашавте и лично разговаравте со нив? ⁠Дали ви се поважни бизнис интересите од егзистенцијата на граѓаните?“, праша тој.

Според Стојчевски начинот на кој се распишани огласите и условите кои се поставени, времето во кое се објавуваат, среде сезона на годишни одмори, како и фактот дека ова не е првпат да се објавуваат отвораат сериозни сомнежи дека целата постапка се подготвува за однапред познати интереси.

„Зошто инаку по трет пат се објавува оглас со промена на условите? Очигледно целта е бизнис партнерите на Мицкоски и ВМРО да добија земја по багателни цени од 1600 денари по метар квадратен за потоа да тераат бизниси си згради. Затоа бараме: огласите огласите за продажба на градежно земјиште во сопственост на државата во Штип да се поништат. Државното земјиште не е приватна сопственост на ВМРО-ОКГ и не смее да биде ставено во функција на ничии бизнис-интереси“, рече тој.

Стојчевски вели дека јавноста има право да знае зошто условите се менувале и кому му одговараат сегашните услови, кој ќе профитира од изградбата на зградите и дали условите се кроени така што ќе одговараат на однапред определени компании?