Несреќа во Преспанското Езеро: Рибар скокнал од чамец и не излегол од водата, „тигрите“ во потрага по исчезнатиот

Макфакс

09/08/2026

15:04

397

Големина на фонт

а а а

Специјализирана нуркачка екипа од единицата „Тигар“ ја трага за рибар кој скокнал од чамец во Преспанското Езеро и исчезнал во водата. Инцидентот се случил во близина на село Сливница, а полициските служби се активно вклучени во потрагата по исчезнатиот.

Специјализирана нуркачка екипа од „тигрите“ трага по исчезнат рибар кој вчера скокнал од чамец во Преспанското Езеро, и не излегол од водата.

Според информациите на МВР, вчера 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското Езеро во село Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата.

Другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1000 метри од брегот.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Б.Ј.(71) од Скопје, кој им кажал дека другото лице М.М.(71) од Скопје скокнал од чамецот и не излегол од водата.

Полициски службеници и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

фото/Depositphotos