Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Макфакс

09/08/2026

21:00

74

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп најавува засилување на економскиот притисок врз Иран, одбегнувајќи воена офанзива, додека преговорите меѓу САД и Иран продолжуваат во тешки услови на економска криза и инфлација.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова голема воена офанзива.

Тој рече дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат „полуинтензивно“ и дека САД ја следат тешката економска состојба во Иран, кој се соочува со огромна инфлација и недостиг на пари.

Трамп додаде дека американската поморска блокада дополнително ја влошила економската криза во Иран. Според него, цената на нафтата од нешто над 75 долари за барел ги ублажува последиците од војната врз американските потрошувачи.

„Сè ќе заврши како што треба. Секогаш завршува така. Тоа е како партија шах“, рече Трамп, зборувајќи за надмудрувањето со Иран.

Во меѓувреме, американски официјални лица тврдат дека Трамп пред една недела бил наклонет кон продолжување на големите борбени операции против Иран, но оттогаш е убеден дека засега треба да се намалат тензиите.