15-годишник објавил експлицитни слики од малолетни девојче на интернет: Случајот во полиција го пријавила мајка и

Макфакс

12/08/2026

14:10

222

Големина на фонт

а а а

Во СВР Скопје 36-годишна жена пријави случај каде 15-годишен малолетник објавил експлицитни слики од нејзината малолетна ќерка на социјалните мрежи. Случајот е во постапка и се очекуваат понатамошни мерки.

Вчера во СВР Скопје 36-годишна жена пријави дека 15-годишен малолетник, кој од претходно се познавал со нејзината малолетна ќерка, објавил слики со експлицитна содржина на социјални мрежи од нејзината ќерка.

Со малолетникот бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.