[ВИДЕО] Херојот Аце од Ивањевци со неговиот трактор го „преора“ огнот

Нетпрес

14/08/2026

10:28

2.483

Големина на фонт

а а а

Ангелов објави видео од извонредно ризичниот потег на Чепиговски да го ризикува животот и својот голем трактор за да го спречи напредувањето на огнот кон имотот на неговите соселани од пелагониското село

Посебно сакам да го истакнам и да му се заблагодарам на младиот тракторист Аце (Александар Чепиговски) од с. Ивањевци. Тој покажа извонредна вештина на управување со неговиот огромен трактор, изложувајќи се на голем ризик орајќи директно низ линијата на огнот со што го сопре ширењето на пожарот на повеќе места, порача утрово Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС.

Ангелов објави видео од извонредно ризичниот потег на Чепиговски да го ризикува животот и својот голем трактор за да го спречи напредувањето на огнот кон имотот на неговите соселани од пелагониското село.