Североисточната управа на МВР во Тетово поднесе пријава против двајца родители поради запуштање и малтретирање на нивното тримесечно бебе кое паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање на дете.
Според информациите од полицијата, на 14 јуни во Тетово, второпријавениот, кој бил под дејство на алкохол, ја напуштил првопријавената на улица со нивното трмесечно бебе.
Потоа, првопријавената ја превртела количката, при што бебето паднало на асфалтот.
СВР Тетово по целосно документирање на случајот поднело кривична пријава против двајцата.








