Скопјани од Карпош се скарале за куче, па се испотепале

Макфакс

15/08/2026

20:50

433

Големина на фонт

а а а

Во скопски Карпош двајца мажи се спротиставиле и физички се пресметале поради спорови околу домашен миленик - куче. МВР ги истражува деталите и најавува поднесоци.

Недоразбирање околу домашен миленик – куче, прераснало во физичка пресметка меѓу двајца скопјани во скопски Карпош.

Како што информира МВР, вчера, 14 август, во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 67-годишниот В.К. и 27-годишниот А.Н., двајцата од Скопје.

Според пријавеното, настанот следел по претходно недоразбирање поврзано со куче, по што расправијата ескалирала во физичка пресметка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.